Солскјер го моли Кавани да трча помалку на натпреварите


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Одличниот напаѓач од Уругвај, Едисон Кавани игра многу добро во дресот на Манчестер јунајтед, а против Фулам го постигна петтиот гол во сезоната.

Тренерот Оле Гунар Солскјер порача дека е среќен од играта на 33-годишниот фудбалер, но често се нервира затоа што тој трчал премногу.

„Понекогаш сум фрустриран кога оди на страна затоа што тој е играч кој сакате да го имате во казнетиот простор. Исто така понекогаш го молам помалку да трча“, вели Солскјер.

Меѓутоа Кавани секогаш бил таков, секогаш даваше се од себе за тимовите за кои играше и не е чудно што е помеѓу најдобрите напаѓачи веќе десетина години.

Ќе потсетиме Кавани играше уште за ПСЖ, Наполи и Палермо.