Солскјер ќе „лови“ три засилувања во јануарскиот преоден рок


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед дефинитивно ќе биде активен на траснфер пазарот во јануарскиот преоден рок.

„Ѓаволите“ според медиумот „Атлетик“ во своите редови ќе донесат тројца играчи, двајца од средниот ред и еден напаѓач.

Се верува дека напаѓачот ќе биде Марио Манџукиќ, додека од средниот ред би можел да пристигне некој од имињата кои ќе се слободни да си одат во јануари од своите клубови, Емре Чан, Иван Ракитиќ илиКристијан Ериксен.

Медиумот јавува дека иако ситуацијата на Џејдон Санчо во Борусија не е сјајна, „ѓаволите“ нема да тргнат по неговиот потпис во јануари.