Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед влезе во мала криза, а дополнителен проблем за тренерот Оле Гунар Солскјер е повредата на францускиот репрезентативец и еден од најдобрите играчи на премиерлигашот, Пол Погба.
Погба се повреди во натпреварот против Евертон (3-3) и го очекува пауза долга неколку недели, а тоа го потврди и тренерот Солскјер пред мечот против Вест хем во ФА-Купот.
„Поради оваа повреда ќе мора да паузира неколку недели. Тој почна да работи со медицинскиот тим и се надеваме дека ќе се врати побрзо на теренот. Погба е важен за нас, нема да ризикуваме…“, кажа Солскјер.
Солскјер кажа дека амбициите на Јунајтед сезонава е да завршат во топ-4 во Премиерлигата, како и да избори финале во ФА-Купот.