Солскјер: Кога од Погба ќе направиш од комарец, магаре…?!


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер истакна денес дека Пол Погба е среќен на „Олд Трафорд“ и дека само бил љубезен зборувајќи за тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

Погба изминатиот месец, во текот на репрезентативната пауза, изјави дека сон на секој играч е да игра во Реал Мадрид, како и тоа дека му се воодушевува на Зидан.

„Пол е многу фино и љубезно момче кое само одговори на прашањето за Зидан, кој е икона во Франција, кој е одличен тренер и кој некогаш беше одличен играч“, истакна Солскјер.

„Тој само пристојно одговори на прашањето… Пол е среќен овде“, додаде менаџерот на Јунајтед.

Пол Погба во Јунајтед е од 2016. година, а актуелниот договор му истекува 2021. година.