Солскјер објасни зошто Роналдо не го шутирал пеналот против Астон вила


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Манчестер јунајтед доживеа непријатен пораз од Астон вила на домашен терен, а најмногу се зборува за промашениот пенал на Бруно Фернандеш во судиското надополнување.

Португалецот можеше да им донесе барем бод на „црвените ѓаволи“, но шутираше високо над голот, а многумина се прашуваат зошто одговорноста не ја преземал Кристијано Роналдо.

„Бруно е одличен со пенали, но овој пат за жал промаши. Тој е доволно силен психички за да шутира пенал повторно. Одлуката за тоа кој ќе изведе пенал се носи пред натпреварот“, вели Солскјер.

Норвежанецот, исто така, смета дека требало да биде поништен голот на Астон вила поради недозволена ситуација, односно офсајд.