Солскјер откри дали ќе даде оставка: Полошо од ова не може!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед беше декласиран од Ливерпул со 0-5 во Премиерлигата, по што почнаа шпекулациите дека тренерот Оле Гунар Солскјер ќе си поднесе оставка.

Солскјер ја презема одговорноста за дебаклот на „црвените ѓаволи“ и кажа дека полошо од ова во моментов не може.

„Одговорноста е моја. Може да ја погледнете минатата сезона кога загубивме со 1-6 од Тотенхем, но ова е многу полошо. Морам да кажам дека ќе го преминеме ова што е можно побрзо. Стигнавме премногу далеку како група. Премногу сме блиску за сега да се откажеме. Ќе биде тешко. Знам дека сме на дното, не може да се чувствуваме полошо од ова. Но ајде да видиме каде ќе нѐ однесе тоа“, вели Солскјер.