Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Манчестер Јунајтед во 31. коло од англиската Премиер лига ќе се сретне со тимот на Вотфорд на „Олд Трафорд“.
„Ѓаволите“ ќе мора да победат за да останат во игра за четвртата, па и третата позиција на табелата кои водат во Лигата на шампионите.
Алексис Санчез, Антонио Валенсија и Матео Дармијан со сигурност ќе го пропуштат утрешниот натпревар.
„Имавме многу добра тренинг недела. Некои од играчите беа надвор поради интернационалните обврски и се вратија во најдобар ред. Алексис штотуку се врати на тренинзите и нема да е спремен за натпреварот заедно со Матео и Антонио. Тие тројца се надвор од комбинација. Се уште треба да ја провериме состојбата на еден или двајца фудбалери“ –заклучи Солскјер.