Солскјер потврди: Двајца фудбалери заминуваат од Манчестер јунајтед!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед на крајот на сезоната ќе се раздели со дел од фудбалерите, кои не добиваат минутажа кај тренерот Оле Гунар Солскјер.

Солскјер веќе знае кои фудбалери ќе останат во Манчестер и следната сезона, па потврди дека следното лето од „Олд Трафорд“ ќе си заминат Маркос Рохо и Серхио Ромеро.

Договорите на овие играчи истекуваат на крајот од сезоната и од англискиот клуб потврдија дека истите нема да бидат продолжени и дека Ромеро и Рохо можат да си заминат како слободни играчи.

Рохо во Јунајтед пристигна од Спортинг и во овој момент е позајмен во Спортинг, додека Ромеро во клубот дојде од Сампдорија, но никогаш не се избори да биде прв голман.