Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед остана без Ромелу Лукаку кој премина во Интер, а до крајот на преодниот рок кој заврши вчера не успаја да донесат негова замена.
Токму затоа, на денешната прес конференција, Солскјер беше запрашан кој фудбалер ќе го замени белгискиот фудбалер. На тоа Норвежанецот одговори дека Мејсон Гринвуд ќе биде играчот кој ќе добива значителна минутажа оваа година, а истакна дека и Алексис ќе добива шанса да се докаже.
„По крајот на минатата сезона не дававме многу голови. Патот на Мејсон Гринвуд до првотимски фудбал ќе беше многу потежок со уште еден напаѓач овде. Верувам дека Мејсон ќе игра и ќе биде инволвиран на повеќе натпревари, на кои ве уверувам дека ќе постигнува голови“ –истакна Солскјер.