Солскјер потврди: Купуваме нов напаѓач, во игра се неколку опции!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед синоќа соопшти тажни вести за навивачите дека нивниот најдобар играч Маркус Рашфорд ќе отсуствува подолго време од терените.

Рашфорд најпрво имаше проблеми со грбот, а на натпреварот против Вулверхемптон го повреди стапалото и ќе биде надвор од околу три месеци. Тоа е голем удар за Црвените ѓаволи со оглед на тоа што Рашфорд беше нивниот најдобар играч оваа сезона.

Неговото отсуство се почувствува и вчера на натпреварот против Ливерпул и јасно е дека Јунајтед мора експресно да реагира до крајот на зимскиот преоден рок и да донесе нов напаѓач.

По синоќешниот натпревар, Оле Гунар Солскјер потврди дека клубот бара замена за Рашфорд и дека е можно да се донесе нов напаѓач на позајмица до крајот на сезоната.

“Премногу повреди нè мачеа оваа сезона. Сега бараме некое краткорочно решение до крајот на сезоната. Ќе видиме што имаме на пазарот и ако дојде до некоја опција за купување, тоа ќе биде добро, и секако позајмица е една од опциите”, рече Солскјер.