Солскјер призна дека работите во Манчестер Јунајтед не се одвиваат според планот: Во моментов сме…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оле Гунар Солскјер се соочува со тежок предизвик, да го извади Манчестер Јунајтед на правиот пат по неколкуте години апстиненција од врвот во Премиер лигата.

Сепак, „ѓаволите“ оваа сезона имаат најлош старт во последните 30 години, а тоа можеби се должи и на младиот состав со кој располага норвешкиот стратег.

Солскјер посочи дека знаел дека нема да има големи остварувања уште во првата негова сезона, но исто така потврди дека очекувале да бидат малку повисоко на табелата во овој период.

„Во овој период ние сме малку поназад од тоа што се надевавме. Знаевме дека ова ќе биде сезона во која ќе имаме подеми и падови. Оваа сезона ќе биде искористена да се создаде тим и состав за следната сезона, но се надеваме дека ќе го забрзаме процесот и ќе донесеме подобри резултати и годинава. Очекувам да бидеме поконзистентни и да учиме од грешките. Секако дека сакаме да бидеме тим кој ќе доминира и ќе ги „крши“ противниците. На Ливерпул му беа потребни неколку години да дојде до оваа позиција, а ние мора да продолжиме да го градиме тимот затоа што токму тоа го сакаме и ние“ –изјави Оле Гунар Солскјер.