Солскјер сака да задржи две ѕвезди: Тие се важни за нашата иднина!


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер е решен во намерата да ги задржи Пол Погба и Маркус Рашфорд на „Олд Трафорд“, а за нив вели дека се важни во планот за изградба на тим кој ќе постигне многу успеси.

Погба кажа дека неговиот сон е да заигра под водство на Зинедин Зидан во Реал Мадрид, а англиските медиуми шпекулираат за заминување на Рашфорд во Барселона.

„Тие се важни за нашата иднина“, кажа Солскјер во разговор со новинарите пред мечот од 31. коло во Премиерлигата, каде што Јунајтед игра против Вотфорд.

Откако пристигна Норвежанецот на клупата на Манчестер во декември, Погба почна да игра многу подобро, па досега има постигнато осум гола и шест асистенции. Рашфорд, пак, постигна осум гола во 18 настапи во сите натпреварувања.

„Амбицијата на нашиот клуб е да постигнеме многу успеси во иднина. Тоа се очекува од нас. Секако, сакам да изградиме моќен тим за да го оствариме тоа“, вели Солскјер.