Солскјер сака две-три засилувања во јануари: „Ѓаволите“ сакаат неколку млади ѕвезди


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер кажа за англиските медиуми дека неговиот клуб во јануари ќе треба да ангажира неколку засилувања.

„Црвените ѓаволи“ во последните неколку натпревари успеаа да влезат во форма, а Солскјер очигледно смета дека со две-три нови засилувања би можел да ги исполни целите во оваа сезона.

„Сакаме да се засилиме на неколку позиции. Ако ја погледнеме нашата екипа и ја споредиме со другите, тогаш може да кажеме дека сме тука некаде, но ни требаат уште два-три фудбалери за да може да ротираме во текот на долгата сезона“, вели Норвежанецот.

Со Јунајтед во претходните недели се поврзуваа Џордан Санчо од Борусија Дортмунд и Ерлинг Халанд од Ред Бул Салцбург.