Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оле Гунар Солскјер не пренесе баш позитивни вести на денешната прес конференција во пресрет на средбата со Арсенал.
Норвежанецот сигурно нема да може да смета на Маркус Рашфорд, голема е веројатноста Антони Марсијал да не биде подготвен за игра, а повредата на мечот со Рошдејл ја обновил и Погба, па тој е во трка со времето и не се знае дали ќе настапи на средбата со „топчиите“.
„Погба е во трка со времето. Дали е неизвесен? Дефинитивно неговиот настап е неизвесен. Нема да ризикувам со Рашфорд и Марсијал. Ќе излеземе против Арсенал со она што го имаме и го очекуваме овој натпревар“ –изјави Солскјер кој потврди дека Лук Шо веројанто ќе биде подготвен за средбата.