Солскјер со информација за повредените: Без Погба, Марсијал и Рашфорд на дуелот со Арсенал

Оле Гунар Солскјер не пренесе баш позитивни вести на денешната прес конференција во пресрет на средбата со Арсенал.

Норвежанецот сигурно нема да може да смета на Маркус Рашфорд, голема е веројатноста Антони Марсијал да не биде подготвен за игра,  а повредата на мечот со Рошдејл ја обновил и Погба, па тој е во трка со времето и не се знае дали ќе настапи на средбата со „топчиите“.

„Погба е во трка со времето. Дали е неизвесен? Дефинитивно неговиот настап е неизвесен. Нема да ризикувам со Рашфорд и Марсијал. Ќе излеземе против Арсенал со она што го имаме и го очекуваме овој натпревар“ –изјави Солскјер кој потврди дека Лук Шо веројанто ќе биде подготвен за средбата.