Солскјер со коментар за иднината на Игало: Би требало да се врати…


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Иднината на Одион Игало на „Олд Трафорд“ останува неизвесна, а доколкуработите во следниве неколку дена не се поместат од мртва точка тој ќе мора да се врати во неговиот клуб, Шангај Шенхуа.

Игало во моментов настапува за Манчестер Јунајтед како позајмен фудбалер, но постои голема веројатност тој да не ја доработи сезоната до крај затоа што Шангај го бара во своите редови за почетокот на кинеската Суперлига.

Дека работата е крајно деликатна посочи и тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер кој призна дека разговараат со кинескиот клуб.

„Договорот за позајмица истекува на крајот на мај, па тој би требало да се врати назад. Ние зборуваме со нив и се надеваме дека Игало ќе остане.

За него сон беше да игра за Манчестер Јунајтед и се надеваме дека ќе го продолжи тоа што го започна, можеби со трофеј или два во своите раце. Во овој момент ништо не е договорено, нивната лига ќе започне наскоро и ние чекаме да видиме што ќе се случи“ –изјави Солскјер.