Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
МекТоминеј и Пол Погба се повредени, а Немања Матиќ очигледно е отпишан, па поради тоа Манчестер јунајтед бара нови засилувања во средината од теренот.
Оле Гунар Солскјер веќе долго време е заинтересиран за Медисон и Грилиш, а сега го додадоа и Тод Кантвел, кој игра одлично во дресот на Норич.
Младиот Англичанец постигна шест гола во првенството, па поради тоа не чуди интересот за неговите услуги. Покрај Јунајтед, за него интерес покажа и Сити, но и Тотенхем.
Кантвел се проценува на сума од 30 милиони фунти, па останува да видиме дали се подготвени споменатите англиски гиганти да ја понудат таа сума и да купат еден од најдобрите играчи „канаринците“ сезонава.