Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер кажа дека е задоволен со играта на неговата екипа против Тотенхем, откако го доби натпреварот со 3-0.
„Кога победувате со 3-0 и ја држите топката далеку од својот гол, Де Хеа не мораше ниту еднаш да интервенира и тоа ме прави среќен“, вели Солскјер.
Јунајтед во Лондон го победи Тотенхем со 3-0 и на некое време ги намали притисокот врз Солскјер за кој на почетокот на неделата почна да се шпекулира дека ќе добие отказ.
„Одлични голови, секој од нив. Првиот беше многу важен. Одлично додавање од Фернандеш и реализација на Роналдо. Ако промаши една шанса, секогаш останува сконцентриран на следната“, објаснува тренерот.
Солскјер кажа дека поразот од Ливерпул е еден од најмрачните денови во неговата кариера и валкана дамка во историјата на „ѓаволите“.