Солзите на Касемиро и Анчелоти, а ни Перез не остана рамнодушен (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Касемиро се збогуваше со Реал Мадрид, откако реши да се пресели во Манчестер јунајтед.

Касемиро се збогуваше од навивачите, соиграчите, тренерот, па и претседателот Флорентино Перез, а притоа Бразилецот беше ептен емотивен.

Бразилецот, кој освои 18 трофеи со Реал Мадрид за девет години, не можеше да ги сокрие емоциите, па паднаа и солзи.

На збогувањето на Касемиро не остана рамнодушен ниту Флорентино Перез, кој делуваше тажно затоа што губи еден од најважните фудбалери.

„Стана една од нашите легенди. Мислев дека никогаш нема да дојде тој ден. Никогаш нема да ги заборавам оние 20 минути против Дортмунд кои беа пресудни да се освои ‘Ла Десима’“, кажа Перез.