Сон му остана верен на Тотенхем – потпиша договор до 2025!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Репрезентативецот на Јужна Кореја, Хеунг-Мин Сон го продолжи договорот со Тотенхем до 2025 година.

Сон во Тотенхем стигна во 2015 година од Баер Леверкузен, а во меѓувреме за тимот од Лондон одигра 280 меча, постигна 107 голови и запиша 64 асистенции.

Тотенхем во следната сезона ќе игра под водство на Нуно Еспирито Санто, а се очекува Сон да биде главен фудбалер во неговиот тим.

„За мене е голема чест тоа што играв шест години во тимов. Клубот покажа голема почит кон мене и среќен сум. Ова за мене е како втор дом, имам одличен однос со навивачите, соиграчите и стручниот штаб. Лесно беше да се донесе ваква одлука“, вели Сон.