Сон заврши со војската: Ѕвездата на Тотенхем најдобар меѓу 157 колеги!


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Фудбалерот на Тотенхем, Хјун Мин Сон заврши со воената обврска во Јужна Кореја и тоа успешно. Ѕвездата на премиерлигашот доби признание за најдобар меѓу 157 војници.

Сон покажа одлична вештина во гаѓање со пушка, па доби признание и во вид на диплома. Сон доби краток период да отслужи во војска, иако воениот рок е 21 месец.

Сон мораше да мине четиринеделна воена обука, па со Тотенхем договори најдобар момент за тоа, кога Премиерлигата е прекината поради вирусот.

Официрите кои биле задолжени за обука велат дека напаѓачот на Тотенхем бил посветен и вреден и дека во ниту еден момент не го злоупотребил фактот дека е капитен на неговата репрезентација и големо фудбалско име во неговата држава.