Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Чешката ракометна репрезентација се откажа од настапот на Светското првенство (СП) во ракомет, а на нејзино место ќе заигра македонската селекција.
Македонија ја чекаше својата шанса како прва резерва за СП, доколку се откаже некоја репрезентација, а токму тоа се случи денеска.
Репрезентацијата на Чешка се откажала од настапот поради големиот број позитивни случаи на Ковид-19, па Македонија ќе учествува на нејзиното место.
Македонија сега ќе игра во Групата Г, каде што е домаќинот Египет, Шведска и селекцијата на Чиле, која два пати ја совладавме на пријателски натпревари во Скопје.