Сопственикот на Фенербахче заврши со раскрвавена глава по дуелот со Гецтепе (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фенербахче ремизира против Гецтепе (2-2) во второто коло од турското првенство, а мечот го одбележа инцидент во кој подебелиот крај го извлече сопственикот на гостите, Али Коч.

Навивачите фрлаа различни предмети од трибините, а претседателот на Фенербахче бил нападнат од човек кој имал акредитација за да биде на теренот.

Коч завршил со раскрвавена глава, додека напаѓачот веднаш бил приведен од полициските службеници.