Сопственикот на Нотингем ги нападнал судиите по мечот со Ливерпул


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Ливерпул славеше против Нотингем форест со 1-0, откако голот го постигна Дарвин Нуњез во 99. минута, но тоа не му се допадна на претседателот на домаќините.

По крајот на натпреварот, газдата Евангелос Маринакис вербално ги нападнал судиите на теренот, а потоа ги следел до нивната соблекувална.

Англиските медиуми пишуваат дека Маринакис ги пцуел судиите и ги нарекувал со различни погрдни имиња.