Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Жорж Мендеш е еден од најмоќните менаџери на фудбалери во светот, со оглед дека се грижи за кариерата и на Кристијано Роналдо.
Со трансферот на Хамес Родригез заврши ерата на Мендеш во Реал Мадрид бидејќи по првпат од 2007 година Португалецот нема да има ниту еден свој играч кај „кралевите“.
Соработката меѓу „кралевите“ и Мендеш траеше 13 години, а беше тешка вкупно 484 милиони евра, колку што добија фудбалерите кои ги застапува Мендеш.
Тоа почна со трансферот на Пепе од Порто за 30 милиони евра, а последниот трансфер кој го реализираше е ангажирањето на Хамес за 80 милиони евра, исто така од Порто.
Најголем трансфер му беше тој во 2009 година, кога Мендеш го донесе Кристијано Роналдо од Манчестер јунајтед во Мадрид за сума од 96 милиони евра.
„Кралевите“ на ангажирање фудбалер на Мендеш потроши 298 милиони евра, а од нивната продажба заработи 186 милиони.