Состанокот вроди со плод, Интер праќа нова понуда за Џеко


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што јавуваат бројни веб страници кои се специјализирани за трансфери во Италија, Един Џеко конечно наскоро ќе премине во Интер.

Силвано Мартина, посредник во трансферот на Џеко од Сити во Рома, денес дојде во просториите на Интер со цел да се состане со Марота и Аусилио.

Состанокот со директорите на Интер и познатиот агент наводно биле доста успешни, а на крајот било одлучено Рома да понуди на Интер близу 20 милиони евра, со што трансферот конечно да се оствари.

Да потсетиме, Рома инсистираше Интер да плати 20 милиони, додека Интер беше спремен да плати најмногу 15, но сега челниците на Интер сфатија дека немаат премногу време и дека мораат да бидат поконкретни, но нешто побрзи.

Се верува дека во наредните денови, работите ќе станат јасни, но како и да е се додека не ги видиме официјалните соопштенија од клубовите се може да се случи.