Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ситуацијата во Италија околу коронавирусот полека се смирува. Бројот на новозаразени полека се намалува и Владата ќе го продолжи карантинот до трети мај за да не се опушти премногу населението.
Се очекува по тој датум Италија да почне да функционира нормално, иако не се исклучени сите мерки за претпазливост.
„Скај Спорт“ објави дека тимовите од Серија А тогаш ќе добијат дозвола да се вратат во тренинг-центарот и ќе почнат со тренинзи.
Тоа значи дека може да се очекува продолжение на Серија А на крајот на мај или евентуално почетокот на јуни. До крајот на шампионатот има уште 12 кола и најверојатно може лигата да заврши до крајот на јули.