Совети за обложување: Англија на чекор од осминафинале, Федерер оди по нов трофеј!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Погледнете ги денешните совети од Kladenje.mk.

Англија – Панама: 1 (победа на Англичаните)

Во второто коло во групната фаза на Светското првенство во Русија се игра натпреварот помеѓу Англија и Панама, а нема дилеми за тоа кој е фаворитот. Со победа Англичаните ќе обезбедат пласман во осминафиналето, а тоа најверојатно ќе го направат утре против аутсајдерот Панама.

Јапонија – Сенегал: 2 (победа на Сенегал)

Иако и двете селекции ги отпишаа во групата пред почетокот на Мундијалот, сепак по првото коло тие имаат по три бода. Токму победникот во овој дуел може да го реши прашањето за првиот осминафиналист од групата. Сенегал е мал фаворит во дуелот против Јапонците, бидејќи се за нијанса во подобра форма од нивните противници.

Полска – Колумбија: 2 (победа на Колумбија)

Несреќен старт имаа и двете репрезентации, па по првото одиграно коло немаат освоено ниту еден бод, па победникот од овој меч може да го реши прашањето за кандидат кој ќе се бори за пласман во осминафиналето на Мундијалот. Колумбија е за нијанса подобар противник од Полска, па поради тоа тие би требало да ги освојат трите бода.

Тенис: Роџер Федерер – Борна Чориќ: 1 (победа на Федерер)

Нема многу дилеми за тоа кој е најголем мајстор на тревна подлога, а утре во финалето ќе се борат Роџер Федерер и Борна Чориќ за трофејот во Хале, Германија. Швајцарецот е голем фаворит во дуелот и ќе се обиде да освои уште еден трофеј и да ја збогати својата голема колекција од титули.

Проверете ги останатите бесплатни типови на Kladenje.mk