Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Време е за уште едни совети за обложување. Kladenje.mk покрај бесплатните советите ви нуди и одлични услови за обложување. Искористете ги веднаш бесплатните типови за кладење.
Македонија – Ерменија: 1 (победа на домаќините)
Македонија добро го почна новото натпреварување на УЕФА Лигата на нации, па победи против Гибралтар со 2-0, а сега следува потежок предизвик и тоа против Ерменија. Ерменија во првиот дуел беше подобра од Лихтенштајн со 2-1, па има три бода колку и нашата селекција. Македонија и Ерменија досега имаат одиграно шест меѓусебни дуели, а двете селекции имаат по две победи, па сега се очекува ние да триумфираме и да го обезбедиме првото место.
Франција – Холандија: 1 (победа на домаќините)
Светскиот шампион ќе се обиде да ја победи Холандија, откако во првото коло ремизираше против Германија и така ја прекина серијата од неколку победи по ред. Во последните пет меѓусебни дуели, Франција има дури четири победи и еден пораз, па поради тоа се големи фаворити во денешниот дуел.
Обложувањето на фудбалски натпревари никогаш не било повозбудливо.
Кипар – Словенија: 2 (победа на гостите)
Словенија ќе има незгодно гостување кај Кипар, но ништо освен победа не е добар резултат за нив, па ќе се обидат денеска да триумфираат. Кипар има дури четири порази во последните пет средби, додека Словенија е подобра, односно има три порази, една победа и едно реми. Во меѓусебните дуели Словенија била подобра, бидејќи во пет одиграни средби има четири победи.
Лихтенштајн – Гибралтар: 1 (победа на домаќините)
Двете екипи се аутсајдери во нивната група, па ќе се борат за третата позиција, која не значи апсолутно ништо. Лихтенштајн е фаворит во денешниот дуел против Гибралтар и ќе се обиде да го совлада. Двете репрезентации во последните пет натпревари имаат по четири порази и една победа, а единствениот нивни меѓусебен дуел завршил нерешено.