Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Kladenje.mk и денес со неколку типови за обложување.
Милан – Фиорентина: 1 (победа на домаќинот)
Милан имаше многу бурна сезона, но може да ја спаси истата, само со пласман во Лигата на Европа, а тоа може да го направи само доколку ја победи Фиорентина или доколку Аталанта не победи против Каљари. Доколку направи било каков кикс, тогаш ќе игра во квалификациите. Милан во послендите пет средби има освоено осум бода додека од друга страна Фиорентина има само шест бода. Сепак, „росонерите“ се поблиску до пласман во Европа и тоа ќе се обидат да го осигураат со победа на „Сан Сиро“.
Лацио – Интер: ГГ (двете екипи даваат барем по еден гол)
Во директна битка Лацио и Интер ќе решаваат за последниот патник во Лигата на шампиони. На Лацио му одговара дури и реми на „Олимпико“, а на Интер му треба победа доколку сака да игра во најсилното европско натпреварување наредната сезона. Лацио е во подобра форма во последните пет натпревари, откако освои одлични 11 бода, а Интер има освоено само девет. Во последните пет меѓусебни натпревари, само на два меча двете екипи одиграле ГГ, но бидејќи е последно коло, се очекуваат многу погодоци во Рим.
Работнички – ФК Скопје: 1 (победа на домаќинот)
Работнички ќе има одлична шанса да се врати на европската сцена, ако го победи ФК Скопје во недела, а доколку ја погледнеме формата на двата тима, постои голема можност да се случи тоа. ФК Скопје грчевито се бори за опстанок во лигата, па ќе има тешка задача да го направи тоа против Работнички, кој победил во последните две меѓусебни средби, а очекуваме да биде така и во наредниот дуел.
Шкупи – Вардар: Х2 (средбата завршува нерешно или победува гостинот)
Вардар си го обезбеди второто место во лигата и ќе игра наредната сезона во квалификациите за Лигата на Европа, а буквално со никаква мотивација влегува во мечот против Шкупи, кој ќе се обиде да го фати последниот воз за третата позиција. Сепак, очекува Вардар да има цврста игра и да не му дозволи на Шкупи да направи изненадување, и од лоша сезона, во која се бореше за опстанок, по само четири кола да ја круниса сезоната со пласман во Лигата на Европа. Во последните два меѓусебни дуели, Вардар има една победа, а една средба завршила реми.
Проверете ги останатите бесплатни типови на Kladenje.mk