Совети за обложување: Жестока пресметка помеѓу Арсенал и Манчестер сити на „Емирати“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Неколку совети за обложување и денеска од Kladenje.mk.

Арсенал – Манчестер сити: ГГ3+ (двете екипи постигнуваат гол и вкупно на натпреварот има три или повеќе голови)

Арсенал уште во првото коло го пречекува актуелниот англиски шампион Манчестер сити против кого ќе дебитира новиот тренер на „топчиите“, Томас Тухел. Арсенал имаше добри подготовки, па се очекува да покаже голем отпор на „граѓаните“, кои не беа најдобри на подготовките, но добро ја почнаа сезоната во Англија со победа против Челси од 0-2 во Комјунити Шилд. Сепак, кога ќе се погледнат резултатите на двете екипи, може да се очекуваат над три голови на средбата.

ПСЖ – Каен: 1&3+ (победа за ПСЖ и на натпреварот се постигнати повеќе од три гола)

Актуелниот француски шампион ПСЖ ја почнува новата сезона со реалтивно слаб противник, односно Каен против кого има добри спомени, иако гостите двапати успеаа да ги изненадат во претходните две сезони. ПСЖ на последните пет меѓусебни средби има три победи и притоа има постигнато 13 гола, а има примено само три погодоци, па поради тоа се очекуваат многу голови на натпреварот.

Ријека – Хајдук Сплит: ГГ (двете екипи постигнуваат гол)

Ријека на домашен терен го пречекува големиот ривал Хајдук Сплит, кој се соочува со катастрофален старт, па на два одиграни натпревари има освоено само еден бод, додека домаќините имаат шест максимални бодови, па затоа се фаворити. Кога ќе се погледнат меѓусебните дуели на трите последни средби и двете екипи постигнувале голови, а по една победа имаат Ријека и Хајдук, а еден меч завршил реми.

Каљари – Палермо: ГГ (двете екипи постигнуваат гол)

Каљари на домашен терен го пречекува Палермо во италијанскиот Куп, па е фаворит во натпреварот. На последните три меѓусебни средби и двете екипи постигнувале голови, а Каљари има дури три победи во претходните дуели. Палермо речиси да немаше подготовки никакви, додека Каљари не може да се пофали со најдобри подоготвки.

Проверете ги останатите бесплатни типови на Kladenje.mk