До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Марк-Андре Тер Штеген и Војчех Шчесни лесно би можеле да заминат од Барселона, а спортскиот директор Деко веќе има подготвено решение.
Како што откри сигурниот Матео Морето, спортскиот директор на Барселона веќе воспоставил контакт со агентите на Алекс Ремиро. Тој летово влегува во последната година од договорот со Реал Сосиедад, и затоа би можел да дојде на „Камп Ноу“ по намалена цена.
Клучна е неговата желба да дојде во Барселона, без оглед на фактот дека ќе биде втор избор, зад Жоан Гарсија. Ремиро е еден од највисоко оценетите голмани во Ла Лига, неодамна наполни 30 години и за голманите се вели дека сега се во најдобрите години.
Ремиро инаку е роден Баскиец, но започнал во Атлетик Билбао, од каде како слободен агент летото 2022 година преминал во редовите на најголемиот ривал – Реал Сосиедад.
Иако поради големата конкуренција не успеал да се наметне на селекторот Луис де ла Фуенте, многумина го сметаат за еден од најдобрите голмани во Шпанија во последниве неколку години.
















