Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во Шпанија очекуваме драма во последното коло во борбата за титулата во Ла Лига, а два кандидати можат да го освојат трофејот и тоа се градските ривали Атлетико и Реал Мадрид.
Реал може да го освои трофејот само ако го победи Виљареал, а градскиот ривал Атлетико не победи во Ваљадолид.
Проблем за Атлетико е тоа што Ваљадолид се бори за опстанок и доколку победи, а Елче и Хуеска загубат, тогаш екипата ќе остане во Ла Лига.
Газдата на Ваљадолид, легендарниот бразилски фудбалер Роналдо им вети на фудбалерите премии од по 150.000 евра ако го победат Атлетико во последното коло.
Роналдо за „кралевите“ играше од 2002 до 2007 година и тогаш соиграч му беше денешниот тренер на Реал, Зинедин Зидан.