Создавање на нов гигант: Батистута и Коста се враќаат во Фиорентина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанско-американскиот милијардер Роко Комисо во четвртокот ја купи Фиорентина, па веднаш потоа најави дека навивачите наскоро ќе добијат многу убави вести.

Комисо за 170 милиони евра ја купи Фиорентина од досегашниот сопственик семјеството Дел Вале и има намера да направи ремонт и да ја врати во италијанкиот врв.

Италијанските медиуми пишуваат дека реконструкцијата ќе почне со промена на челните позиции, па директорски функции ќе добијат Габриел Батистута и Руи Коста.

Аргентинскиот напаѓач играше за Фиорентина од 1991 до 2000 година, додека португалскиот плејмејкер беше дел од тимот од 1994 до 2001 година.

И едниот и другиот се почитувани кај навивачите, па нивното враќање ќе предизвика големо воодушевување.