Спалети е кандидат за нов селектор на Италија, но Наполи му прави проблем?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лучано Спалети, кој го однесе Наполи до скудетото по пауза од 33 години, е главен кандидат за нов селектор на Италија, но за негова промоција постои проблем поврзан со Наполи.

Првиот човек на италијанската федерација сака да го ангажира Спалети, кој реши да си замине од Наполи на крајот на сезона, но сè уште е врзан со договор со актуелниот шампион.

Италијанската федерација ќе мора да плати 3,2 милиони евра за да го ослободи тренерот од Наполи и за да го постави за селектор.

Федерацијата не сака да даде пари и во моментов бара решение, откако ненадејно се повлече Роберто Манчини, кој добил богата понуда од Саудиска Арабија.