Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наполи гази сѐ пред себе во италијанската Серија А, а вчера ја запиша осмата победа откако го совлада Торино со 1-0 на домашен терен.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше асистент на натпреварот, кога му помогна на Виктор Осимен да постигне гол за триумф, а по мечот тренерот Лучано Спалети кажа дека е презадоволен од нашиот фудбалер.
„Со оваа победа им даваме мотив на противниците да се трудат повеќе против нас, сите играат одлично против нас. Некои фудбалери можеби потфрлија, но имаме одлични резервни играчи. Осимен е голем работник, а Елмас е посебно момче кое трча многу дури и кога не е потребно. Тоа е добра работа“, вели Спалети.
Okay il culo (letteralmente) sul cross di Elmas, ma vogliamo parlare dell’azione? #Osimhen poi salta in cielo, ma non è una novità. pic.twitter.com/JC6fVzRl5C
— Armando Coppola (@armcopp) October 17, 2021