Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Наполи славеше против Аталанта со 2-0 и така им се врати на победите во Серија А, па направи нов чекор кон Скудетото.
Тренерот Лучано Спалети имаше само пофални зборови за неговите фудбалери, кои одиграа неверојатен натпревар.
Спалети го спореди голот на грузискиот репрезентативец Квича Кварацхелија со легендарниот Диего Армандо Марадона.
„Ова не го кажувам лесно, но ова беше гол вреден да се спомене името на Марадона. Квича е неверојатен фудбалер и тоа го покажа уште еднаш на теренот“, кажа Спалети.