Спалети: Италија заслужи да игра на ЕП!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италија се пласира на Европското првенство (ЕП) во Германија потешко од очекувањата, а голем број навивачи сметаат дека Украина требало да биде дел од шампионатот наместо „аѕурите“.

Причина за тоа е контроверзниот момент меѓу Украина и Италија, кога не реагираше ниту главниот судија, ниту ВАР-собата, а имаше индиции да се покаже пенал за Украинците.

По драмата се јави и селекторот на Италија, Лучано Спалети кој вели дека заслужиле место на ЕП.

„Никого не сме украле, туку заслуживме пласман на ЕП. Ако некој го искористи спорниот момент за да нè критикува, тоа не е фер. Натпреварот против Украина беше тежок поради притисокот, но не би рекол дека тие заслужија пенал“, вели Спалети.