Спалети најде изговор за поразот од Швајцарија


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Италија разочара во осминафиналето на Европското првенство (ЕП), а селекторот Лучано Спалети најде изговор по поразот од Швајцарија (0-2).

Спалети кажа дека немал доволно време да ги запознае сите фудбалери, а притоа се спореди со неговите претходници.

„Немав многу време да ги запознаам фудбалерите. Ако ги погледнете моите претходници, тие имаа по 20 меча во кои можеа да експериментираат за да се запознаат подобро со репрезенаттивците“, кажа Спалети.