Спалети: Вакви натпревари се добиваат само ако сте решителни!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Наполи славеше во дербито против Рома со 2-1 и направи чекор напред кон Скудетото, а тренерот Лучано Спалети вели дека е среќен со резултатот.

Наполи го остави Интер зад себе на 13 бодови и сега го чека полесен распоред на натпревари при што може дополнително да ја зголеми разликата.

„Овие натпревари се добиваат само ако сте решителни. Ова се комплицирани дуели во кои секој мора да покаже зошто е во игра. Најважната сила на Наполи е тоа што сите играат за тимот и за својот колега, а не да му го земат местото“, вели Спалети.