Спалети за Елмас: Имаме феномен во екипата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Наполи, Лучано Спалети е воодушевен од квалитетите на македонскиот фудбалер Елиф Елмас и призна пред навивачите дека има феномен во екипата.

Спалети доби прашања од навивачите кои реши да им ги одговори, а едно од нив беше за Елмас и како гледа тренерот на неговиот фудбалер.

„Елмас има многу квалитети, па може да играте со него на било која позиција. Елмас е неверојатен, ние во екипата имаме вистински феномен. Мое мислење е дека Елмас треба да биде фудбалер за врска, зашто секогаш игра со топката“, кажал Спалети.

Спалети го гледа Елмас како важен фудбалер, а најверојатно македонскиот фудбалер во следната сезона ќе добие улога на класичен плејмејкер во формација 4-2-3-1.