Спартак го промовираше Ристовски: Се надевам на добри резултати оваа сезона!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски се врати во Спартак Трнава, откако екипата го откупи по претходната позајмица.

Ристовски играше и во претходните шест месеци во дресот на Спартак, но како позајмен фудбалер, па на денешната промоција кажа дека очекува успешна сезона со тимот.

„Среќен сум што повторно го носам дресот на овој тим. Се надевам на добри резултати во новата сезона. Благодарен сум му на мојот претходен клуб Риека“, кажа Ристовски на промоцијата.

Ристовски беше дел и од македонската репрезентација на Европското првенство (ЕП) на кое за првпат настапи нашата селекција.