Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Леонид Федун, сопственикот на Спартак Москва најави дека неговиот клуб од понеделник ќе истапи од Премиерлигата на Русија.
Причината е тоа што против Спартак, на отворање на новата сезона, беа досудени два пенали против Сочи, а вториот беше во 90. минута.
Спартак веќе по 10 минути водеше со 2-0, а потоа гостите намалија на 1-2 во 15. минута, по што во финишот освоија бод.
„Во понеделник ќе објавиме дека ја напуштаме лигата. Да. Може слободно така да напишете. Не сакам повеќе да бидеме дел од овој циркус во кој се знаат сите работи, а немам ниту намера да трошам пари за тоа. Ако Спартак не е потребен, тогаш нема ни да го има“, кажа Федун.