Спекакуларен траснфер во најава – Игуаин кажа “ДА”!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Попладнево се појави вест дека италијанскиот шампион Јувентус е спремен да го доведе голгетерот на Наполи, Гонзало Игуаин, сега се оди чекор подалеку.

Јувентус овој преоден рок работи фантастични, веќе во клубот пристигнаа Миралем Пјаниќ, Бенатиа и Дани Алвеш, сега “Старата дама” е на добар пат да го доведе и најдобриот стрелец во Серија А.

Најпознатиот италијански новинар, Ди Марцио, пренесува дека Аргентинецот се согласил да премине во Торино за плата од 7.5 милиони евра по сезона.

Сега останува Јувентус да се договори со Наполи, но како што наведува Ди Марцио, “Бјанконерите”, се спремни да одат до таму и да ја платат клазулата која изнесува 94 милиони евра.