Спектакл: Дончиќ се враќа во Реал Мадрид

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ќе се соочи против неговиот поранешен клуб Реал Мадрид, кој си закажа пријателски меч против Далас маверикс.

Ова ќе биде прв натпревар меѓу тимови од Евролигата и НБА по 2016 година, а Реал ќе го пречека Далас на домашен терен.

Со овој натпревар треба да се одбележи 35-годишнината од првото гостување на НБА-тим во Шпанија. Во 1988 година Бостон селтикс гостуваше во Мадрид и се соочи против Реал и репрезентацијата на Југославија.

Далас маверикс пред гостувањето во Мадрид ќе одигра уште два меча во Абу Даби, и тоа против тимот на Минесота тимбервулвс.