Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Љубителите на УФЦ синоќа повторно можеа да уживаат во нов ММА-спектакл и борба меѓу Сирил Ган и Сергеј Спивак.
Ган ја искористи шансата да го заборави поразот од Џон Џонс и го растури неговиот противник, а победа запиша со технички нокаут во втората рунда.
„Навистина сум среќен поради ова, зашто бев на мисија. Мојата последна борба беше лоша, па така имав мисија да докажам зошто сè уште сум тука, во елитата“, вели Ган.
Ган важи за еден од најдобро атлетски градени борци во УФЦ, а во борбата против последниот ривал погодил 109 од 156 важни удари.