Спектакл на „Бернабеу“: Ѓоковиќ и Надал ќе играат пред 81.000 навивачи!?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Стадионот на Реал Мадрид, „Сантијаго Бернабеу“ се реновира, а во проектот се вложени 500 милиони евра, со што домот на шпанскиот гигант треба да се прошири на 81.000 место и да има современ кров.

Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез го сака Рафаел Надал и планира да организира натпревар против Роџер Федерер или Новак Ѓоковиќ за отворањето на стадионот.

Доколку се одигра натпреварот, тогаш сигурно ќе го урне рекордот по број на гледачи затоа што досегашниот рекорд го држат Надал и Федерер за мечот во Јужна Африка пред 50.000 гледачи.

Планот е Федерер да биде прв избор за дуел против Надал, но бидејќи често е повреден, Ѓоковиќ е резервна опција и најверојатно тој ќе го преземе местото на Швајцарецот.