Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Градските ривали Евертон и Ливерпул одиграа 2-2 на „Гудисон парк“ во петтото коло од англиската Премиерлига, откако во финишот беше забележан и поништен погодок на актуелниот шампион.
Ливерпул поведе со голот на Мане во третата минута од средбата, по што Кинм со глава од корнер израмни на 1-1.
Салах во второто полувреме казни една грешка на одбраната и погоди за 2-1, по што на 2-2 израмни Калверт-Луин.
Во финишот Ришарлисон доби директен црвен картон, по што Ливерпул стрелаше за 3-2, но со ВАР-асистенција беше поништен голот.