Спектакуларен трансфер на Меси: Аргентинецот се сели во С. Арабија!?


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Лионел Меси сè уште нема намера да ја заврши својата фудбалска кариера, иако се чинеше дека епизодата во МЛС тимот Интер Мајами би можела да биде последна во неговата професионална кариера.

Аргентинецот има договор со тимот од Флорида до крајот на 2025 година, а италијанските медиуми носат спектакуларна вест.

Наводно, ова лето се подготвува огромна понуда за Лионел Меси од Саудиска Арабија.

Името на клубот не се открива, но поединечни информации протекле дека станува збор за Ал Хилал и се наведува дека Меси би добил поголем договор отколку што има Кристијано Роналдо во Ал-Наср.

Фото: Принтскрин