Спектакуларен трансфер на повидок: Роналдо го напушта Јувентус!?


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Португалските медиуми пишуваат дека Кристијано Роналдо не е задоволен во Јувентус и дека наскоро би можел да го напушти италијанскиот шампион.

„Футмеркато“ пишува дека агентот на Роналдо, Жорж Мендеш веќе имал контакт со спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо и во моментов се работи на трансфер во францускиот клуб.

Во случај ПСЖ да го ангажира Роналдо, тоа сигурно би бил спектакуларен трансфер и францускиот шампион би бил речиси непобедлив затоа што има едни од најголемите ѕвезди, а тоа се Нејмар, Мбапе и Икарди.